Јаца Инженеринг
  • Дома
  • За нас
    • ЗА НАС
    • ПАРТНЕРИ
    • НАМЕНА
  • Производи
  • Услуги
  • Контакт

Кои сме ние?

Фирмата ЈАЦА ИНЖЕНЕРИНГ е основана и постои од 1992 година. Работи со стакло и негова обработка и дообработка. Нашите начела се квалитет, сигурност, прецизност и дизајн од самиот почеток, па се до денес, што ни овозможува да опстоиме на пазарот повеке од 20 години, а примената и квалитетот на стаклото да го приближиме до светските стандарди.

Имаме голем избор на видови стакла и огледала, и истите ги обработуваме на повеке начини. Ние вршиме компјутерско сечење, кантполирање, фазетирање, ламинирање, бушење, виткање, пескарење, дизајнирање на стаклото, лепење на повеке начини, изработка на термопан и.т.н.

Работниот и деловен објект се простира на повеќе од 1000м2, каде што се одвива целиот процес на работа и се наоѓа магацинскиот простор. Опремен со најсовремени машини за обработка на стакло од истакнати светски производители кои се лидери во својата дејност.

Тимот на вработени е составен од прецизно одбран искусен, спремен и стручен кадар, кој се стреми со целиот свој потенцијал да ги достигне нормите на кавалитет и прецизност во работата.
Нашата мисија е да го доближиме полниот потенцијал на стаклото во архитектурата во Македонија и да ги задоволиме сите вкусови на потрошувачите, секако и на оние најприбирливите.

Со почит и за успешна соработка.

Јаца Инжинеринг

Фирмата Јаца Инженеринг е основана и постои од 1992 година. Работи со стакло и негова обработка и дообработка.

ЈАЦА ИНЖЕНЕРИНГ

Душко Поповиќ бб, 1000 Скопје
Република Македонија
Телефон: +38923229111
Магацин: +38922657756
Факс: +38923114602
E-mail: jaca_i@yahoo.com

Јаца Инженеринг © 2016 Designed by OopHoop.
  • Дома
  • За нас
    • ЗА НАС
    • ПАРТНЕРИ
    • НАМЕНА
  • Производи
  • Услуги
  • Контакт